
Кандидатите мора да исполнуваат следните услови:
- Државјанин на Република Македонија;
- Во моментот на избирањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција, забрана за вршење на професија, дејност или должност;
- Има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен на високо образование утврдено со статутот на установата;
- Има минимум пет години работно искуство во областа на културата;
- Има положено психолошки тест и тест за интегритет,
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови утврдени со Статутот на установата:
- Да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен високо образование од областа на општествените науки или хуманистичките науки;
II
Кандидатите за избор на директор на установата треба да достават и своја Програма за работа и за развој на установата, како стратегија за наредниот четиригодишен период (2016-2020), во согласност со Законот за културата, како и следните документи ( оригинал или заверен препис кај нотар):
– пријава со кратка биографија;
– доказ за стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен високо образование од областа на општествените науки или хуманистичките науки;
– доказ за минимум пет години работно искуство во областа на културата;
– уверение за државјанство;
– потврда дека нема забрана за вршење професија, дејности или должност ( не постаро од шест месеци);
-потврда за положен психолошки тест и
– потврда за положен тест за интегритет;
III
Огласот трае 8 дена од денот на објавувањето.
Пријавите со Програмата и другата документација треба да се достават до Министерството за култура преку пошта на адреса: ул. „ Ѓуро Ѓаковиќ“ бр. 61- Скопје или во Архивата на Министерството за култура, најдоцна до 16,30 часот последниот ден од огласот.
Материјалните доставени на огласот не се враќаат.
Некомплетните и ненавремено доставените документи нема да се разгледуваат.
За резултатите од огласот кандидатите ќе бидат известени по писмен пат.
IV
Министерството за култура, согласно член 31-а од Законот за културата, со избраниот директор на националната установа по овој јавен оглас, ќе склучи менаџерски договор со кој ќе се регулираат правата и обврските на Министерството култура и директорот.