
Скопје Опен 2016 ќе биде домаќин на досега рекорден број земји учесници. Македонија ги отвори вратите на свтески познати танчари од Италија, Романија, Белгија, Грција, Кипар, Унгарија, Словенија, Турција, Египет, Бугарија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Македонија и други.
Квалитетот на овој меѓународен настан секоја година станува се поголем, а истиот веќе го препознаваат на повеќе континенти.
На натпреварот ќе судат лиценцирани меѓународни судии од 8 држави, кои навистина ќе имаат тешка задача да ги одберат најдобрите танчари и настапи.
Организатори на овој настан се „Ритам плус“ – Скопје и „Арт балет“ – Скопје, заедно со директорите Димче Алексоски и Тамара Ѓурчиновска.
Картите можете да ги купите на билетарата на Македонската Опера и Балет.