Quantcast
Channel: Култура – Kurir.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

Грандиозен настан: „Лебедово езеро“ на мраз во Скопје

$
0
0
lebedovo-mraz0

Најпознатото балетско ремек дело од Петар И. Чајковски ќе биде изведено на сцената на Македонската опера и балет на 16 и 17 декември. Државниот балет на мраз од Санкт Петербург е основан во 1967 од страна на светски признатиот кореограф Константин Бојарски.

Бојарски бил поранешен солист на познатиот балет „Марински“, а во својата балетска кариера има играно со Михаил Баришњков и Наталија Макарова. Музички директор и коосновач на оваа балетска куќа е Лео Коркин, познат руски диригент.

lebedovo-mraz

Низ годините, во балетската претстава се појавувале грациозните движења на светски и европски прваци во уметничко лизгање, меѓукои и олимписките шампиони Људмила Белоусова, Олег Протопопов и Људмила Смирнова. Сите претстави се поставени од главниот кореограф Константин Расадин, признат руски уметник.

Оваа балетска компанија првпат ги поставила класичните балети во класични костими и сценографија на мраз инсталирана на сцена на театар. Во последните 5 години оваа балетска продукција е успешно изведена на најдобрите сцени во САД, Канада, Холандија, Германија, Кина, Шпанија, Тајван, Естонија, Романија.

Влезниците може да се купат на билетарницата на МОБ, преку продажната мрежа на Купикартизасе, во Пола Југотон, ЈуготонРекордс и РозеВеро 2.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

Trending Articles