
Подарени се повеќе од 100 врамени дела со стакло во формат А-4 и А-3, кои се нудат со почетна цена од 1.000 и 2.000 денари, а можат да се разгледаат секој ден од 8 до 20 часот во книжарницата „Феникс“ кај Универзална сала, но и на профилите Интеракција плус и Феникс книги на социјалната мрежа Фејсбук.
Собраните средства ќе бидат наменети за бесплатни третмани и вежби на децата со логопедски и дефектолошки нарушувања, потешкотии и проблеми, кои потекнуваат од посиромашни семејства.