
Во текот на четирите дена ќе бидат прикажани седум долгометражни филмови и два кратки филма. Помеѓу двете проекции публиката ќе има можност да продискутира за филмот и други сродни прашања во живо со режисерките Керин Екберг, Кристина Линдстром, продуцентката Лисаби Фридел, а преку скајп и со режисерките Беата Горделер и Аманда Адолфсон.
Како дел од СНОВЕ 3 програмата, која е поддржана и од Шведскиот институт, гостите режисерки и продуцентки од Шведска деновиве ќе се сретнат со претставници на македонските институции и организации кои работат на полето на афирмација и продукција на филмската уметност.
– Оваа програма цели да ги прикаже и поддржи жените кои работат во филмската индустрија. Второто издание се случи лани во Стокхолм, каде од Македонија, како дел од СНОВЕ 2 програмата гости беа Лабина Митевска и Марија Џиџева, соопшти Амбасадата.