Quantcast
Channel: Култура – Kurir.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

Скопскиот дувачки квантет со концерт во Македонскиот културен центар во Загреб

$
0
0

Во Македонскиот културно информативен центар во Загреб, Хрватска, вечер ќе настапи Скопскиот дувачки квантет. На програмата ќе бидат дела од Хајдн, Фаркас, Бизе, Агостини, Г.Смокварски -Тешкото. Скопскиот дувачки квинтет постои повеќе од четириесет години и претставува дел од една традиција на камерна дружба меѓу плејада македонски уметници од дувачката фела. Овој камерен состав во текот на своето постоење изведува дела од светската ризница како и дела од македонски автори, некои и специјално напишани за овој ансамбл. Скопскиот дувачки квинтет гостува на манифестациите Охридско лето, Денови на македонска музика, Скопско лето како и во Словенија, Хрватска, Босна, Бугарија, Австрија, САД, Русија, Израел, Полска, Србија, Црна Гора и Косово. Во 2019 година Скопскиот дувачки квинтет ја доби наградата „Златна лира” највисоко признание кое го доделува Сојузот на музички уметници на Македонија за животно дело и врвни уметнички резултати. Изминатите години Скопскиот дувачки квинтет реализира голем број радио и тв записи како и два компакт диска 2010 и 2014 година, со изведба на дела од светската ризница и македонски автори. Сегашниот состав го сочинуваат познати македонски уметници - членови на Камерниот оркестар Скопски солисти, Македонската филхармонија и Македонската опера - Марија Јакимовска - флејта, Васил Атанасов - обоа, Ристо Ѓоревски - кларинет, Орце Ицковски - фагот и Александар Гошев - хорна.

Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

Trending Articles