Quantcast
Channel: Култура – Kurir.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

Концерт на џез триото Кондовски, Дробицки и Омерагиќ во КИЦ

$
0
0

Во Културно информативниот центар во Скопје, Салон 19:19, вечер ќе се одржи концерт на џез триото Кондовски, Дробицки и Омерагиќ. Како што соопштија од КИЦ, станува збор за неконцептуален современ и слободен џез стил во комбинација на фразирање во стилот на класичната музика и импровизации. Импровизациите создаваат композиции конструирани во зададена форма. Издадени се два музички албуми „Away” и „Outcasts” за издавачката куќа PMGJAZZ. -Албумите се приказни искажани преку музика и генерално раскажуваат четива за имиграцијата, за напуштените домови, за анксиозноста и напуштање на младите луѓе за подобар свет, воедно и отпадништвото на уметниците кои се трудат да ја подигнат културата како на глобално, така и на локално ниво. Стилот на неконцептуалност е креирана во слободните импровизации, паралелно со тоа се доловува и приказната за слободното делување како и одговорноста на самата слобода во нас, како луѓе, а пред се како уметници, информираат од КИЦ. Концертот е втор во серијалот „unplugged“ концерти кои ќе се реализираат во Салон 19:19 во рамки на годишната музичка програма на Културно информативен центар - Скопје за оваа година.

Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

Trending Articles