
Николовска беше избрана како победник на годинашниот конкурс за избор на млади дизајнери – илустратори што го организираше Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине!“.
Таа беше наградена со парична награда од 200 илјади денари, а требаше да ги илустрира народните бајки „Вејко Северко“, „Двата цара“, „Момчето што се скри во златното јаболко“ и „Девојчето и 12-те месеци“.
Книгата „Бајки од Македонија“ е во издание на „Арс Ламина“, која е партнер во проектот заедно со Институтот за фолклор „Марко Цепенков“.
Идејното решение на Николовска беше избрано во конкуренција на 38 пристигнати илустрации од млади дизајнери.