Quantcast
Channel: Култура – Kurir.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

Археолошко предавање на Андреј Мазуркевич од Државниот музеј Ермитаж

$
0
0
andrejjj

Мазуркевич се осврна на богатата историја на археолошки истражувања на музејот, огромниот фонд културно наследство, богатите скитски гробници, културата од Месопотамија – Урарту. Тој зборуваше и за истражувањата на староруската и архитектурата на Санкт Петерсбург, погребувањата од северен Кавказ и железнодопските населби.

Предавањето го отвори директорот на Музејот на град Скопје Љубен Тевдовски, кој ја истакна важноста на заедничките меѓународни проекти и анализи за иднината на археологијата во Македонија и светот.

Според него, ова предавање е поттик за понатамошна соработка на археолошките тимови и музеите воопшто.

Тевдовски на археологот Мазурчевич му подари неколку изданија, кои говорат за значајните археолошки локалитети во скопскиот регион и археолошките истражување кои биле спроведени од страна на музејот.

На предавањето присуствуваа археолози од Македонија и од неколку европски земји.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

Trending Articles