Quantcast
Channel: Култура – Kurir.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

Познати добитниците на наградите за современи авторски бајки

$
0
0

Повеќе од 1.000 современи авторски бајки од над 300 автори од земјава и светот пристигнаа на Меѓународниот фестивал за современи авторски бајки, кој го организираше издавачката куќа „Феникс“ од Скопје, информираат организаторите. Жири-комисијата во состав: проф.д-р Христо Петрески, проф.д-р Милутин Ѓуричковиќ и Весна Мундишевска – Велјановска ги избра најдобрите современи авторски бајки кои се објавени во истоименото издание Современи авторски бајки. Жири-комисијата, исто така, одлучи да ги награди авторите на најдобрите современи бајки и тоа: Ана Багрјана од Украина, Алицја Мариа Куберска од Полска, Шерзод Артиков од Узбекистан, Ранко Павловиќ од Босна и Херцеговина и Нехас Сопај од Република Северна Македонија. Фестивалот и конкурсот ќе станат традиционални и ќе се реализираат и во иднина.

Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

Trending Articles