Quantcast
Channel: Култура – Kurir.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

Промоција на романот „Анатомија на бумбарот” од Стефан Марковски

$
0
0

Во Домот на културата „Кочо Рацин“ – Скопје вечер од 19 часот ќе биде промовиран романот „Анатомија на бумбарот” од Стефан Марковски. Романот беше објавен на англиски јазик и достапен во електронска и печатена верзија на платформата „Амазон” каде, како што соопшти авторот, годинава достигна и рекордно прво место во категоријата Источноевропска литература за Киндл-изданијата. Македонското издание на романот го објави „Паблишер“. Александар Прокопиев во поговорот наведува дека романот „во наративот прогресира една примамлива, куриозитетна, откачена, убаво и сочно раскажана приказна раслоена во делови кои во себе носат и гнев и пркос, од една, и хумор и гротеска од друга страна“. Приказната е раскажана од две перспективи – машка и женска и, според авторот, таа е „фино испреплетена мозаична сложувалка во која на крајот ќе се состават сите делчиња“.

Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

Trending Articles