Quantcast
Channel: Култура – Kurir.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

Договор за соработка на Музејот на современа уметност и Регионалната алијанса на ICOM SEE

$
0
0
muzej

Во рамки на денешната завршна едукативна  работилница за реорганизација на депоата  по методологија RE –  ORG  водена од двајца едукатори од ЦИК (Централен институт за конзервација) од Белград  (Вељко Џикиќ и Наталија Ќосиќ) лиценцирани за проектот RE – ORG, излагање ќе имаат организаторите на работилницата, претседателот на Регионалната алијанса ICOM SEE Мила Поповиќ Живанчевиќ и дел од учесниците, пренесува МИА.

Со овој проект, Музејот се вклучува во меѓународните активности поврзани со сегментот заштита на културното движно наследство преку, кој меѓународниот совет на музеи воспоставува пракса да им помогне на музеите во земјите од Југоисточна Европа. МСУ е првата институција во Македонија која ја спроведува таа соработка.

На работилницата ќе учествуваат по двајца претставници од шест национални музеи од Македонија: Археолошкиот музеј, Природонаучниот музеј, Музејот на македонската борба, Музејот на град Скопје, Националната галерија на Р.Македонија, и Музејот на современата уметност.

Целта на едукативната работилница е преку теоретски и практичен дел да ги воведе учесниците во современите методи и стандарди поставени од ICOM и ICCROM – Рим во доменот на ракување со музејските предмети, создавањето на услови за нивна заштита од несакани дејствија, во протоколот за внесување и изнесување на предметите т.е. делата, во водење на соодветна документација, безбедносни системи


Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

Trending Articles