Quantcast
Channel: Култура – Kurir.mk
Viewing all 3463 articles
Browse latest View live

Симфониски концерт со музика од најпознатите видеоигри

$
0
0

Меѓу композициите кои ќе бидат изведени се од видеоигрите: Final Fantasy, The Legend of Zelda, Super Mario, Angry Birds, Grand Theft Auto,  Battlefield, Pokemon, Tetiris, World of Warcraft…

– „Видеоигра“ ќе донесе иновативност и ќе им даде поинаква визура на симфониските концерти. Првпат во Македонија ќе се изведува музика од најпопуларната форма на забава во светот, аранжирана за голем симфониски оркестар. Всушност, еден од главните сегменти во изработка на видеоигрите, особено во последните две децении, е музиката, на која ѝ се пристапува мошне сериозно и така таа на некој начин добива филмска димензија. Често за автори на музиката за видеоигрите се ангажираат и некои од големите композитори на филмска музика. Музиката за видеоигрите денес е дел од репертоарот на сите големи симфониски оркестри во светот, соопшти Филхармонијата.


Награда за бугарскиот режисер Александар Морфов на 4. МНТ Фест

$
0
0

Таа се доделува на автори, режисери или театарски институции за нивниот придонес во театарската уметност. На Морфов ќе му биде врачена на отворањето на МНТ Фест в сабота во Македонскиот народен театар, кога премиерно ќе биде изведена неговата нова претстава во МНТ – „Ничија земја“.

За Александар Морфов МНТ истакнува дека е едно од најголемите режисерски имиња во Европа, кого критиката го оценува како визионер на новото театарско време и автор кој во секоја своја претстава ги истражува и открива новите методи и изразни средства на актерската игра.

– Неговата сценска естетика е оригинална и во својата основа ја има епската форма. За неговите врвни достигнувања сведочат и големиот број награди и признанија за неговата работа, наведува МНТ кој наградата ја доделува по четврти пат.

Александар Морфов е роден на 9 ноември 1960 година во Јамбол, Бугарија. Во 1984 се запишал на Националната академија за театар и филм „Крсто Сарафов“ во Софија. Дипломирал на отсекот за Театарска и куклена режија (1990) во класата на проф. Јулија Огњанова и на отсекот за Филмска режија (1994) во класата на Георги Дулгеров.

Од 1994 до 2000 год. работел како главен режисер во Народниот театар „Иван Вазов“ во Бугарија. Први претстави на Морфов во Народниот театар биле неговата оригинална верзија на „Дон Кихот“ според делото на Сервантес и преработената верзија на Бура. Тие го означиле почетокот на еден цел нов процес на привлекување млада и современа публика во театарот.

Со следната продукција „Сон на летната ноќ“ од Шекспир, Александар Морфов станал еден од најпопуларните театарски режисери во Бугарија. Карактеристиките на неговата стилистика се содржат и во неговата оригинална верзија на „Декамерон, или крв и страст“, според делото на Бокачо. Во претставата „На дното“ од Максим Горки се гледа начинот на кој Морфов остро го искажува неговото мислење без да ја изневери неговата типична театралност. „Прогонети бунтовници“ (2004), продукција работена според романот на Иван Вазов, национален поет и писател, претставува логично продолжение на претходната претстава.

Негови позначајни претстави на водечката сцена во земјата се: „Волшебната ноќ“, според делото на Бекет; „Дон Жуан“ од Молиер; „Лет над кукавичкото гнездо“; „Животот е прекрасен“, адаптација на делото „Самоубиство“ од Николај Ердман, итн. Во 2000 тој бил назначен за генерален и уметнички директор на Народниот театар „Иван Вазов“. По еден голем конфликт со Министерството за култура на Бугарија, Морфов бил разрешен од функцијата и сите негови продукции симнати од репертоарот на театарот.

Од 2001 година успешно работел во Русија. Неговата прва претстава „Бура“ во театарот „Вера Комисаржевскаја“ била клучен настан во театарскиот живот на Санкт Петербург и е одликувана со престижната награда на полето на театарот „Златна маска“. Во театарот „Ет цетера“ во Москва ги режирал „Дон Кихот“ и „Кралот Иби“ – и двете продукции биле номинирани за наградата „Златна маска“, а Александар Калјагин ја добил наградата за најдобра машка главна улога во претставата „Кралот Иби“.

Од 2003 до 2006 Александар Морфов бил назначен за главен режисер во театарот „Вера Комисаржевскаја“ во Санкт Петербург каде што режирал пет продукции. Во 2005 работел со Михаил Баришников во САД на театарскиот проект „Доктор и пациент“ од Резо Габриадзе. Во 2006 се вратил во Народниот театар во Бугарија како главен режисер – функција која ја има оттогаш.

Претставите на Морфов се прикажувани на интернационалните театарски фестивали во Виена, Казабланка, Киев, Торино, Охрид, Белград, Вроцлав, Хамбург, итн. Имал и голем број успешни проекти во Франција, Шведска, Македонија, Романија, Летонија, а во последниве години и во Израел.

Морфов е и филмски режисер и сценарист. Се докажал и како успешен филмски актер со улогите во „Иван и Александра“, „Пријателите на Емилија“, „Сирна недела“, „Козјиот рог“, „Љубовното лето на еден влечко“, „Патување во Ерусалим“. Има добиено повеќе од 20 меѓународни и најпрестижни руски театарски награди.

Преставата „Не се клади на англичани“ на ДАФ во Кочани

$
0
0

За првпат во изминатите денови на одржувањето на фестивалот салата во Центарот за култура во Кочани беше полна со посетители, кои уживаа во прекрасната актерска игра на Дарко Ристовски, Христијан Цековски и Александар Ристовски. Позитивни оценки преставата во целина и режсерската постановка на Глигор Цветковски добија и на разговорите по преставата.

Во ноќниот термин настапија членовите на театарската група „Дрим тим ЈБТ“ од Гимназијата „Ј.Б.Тито“ од Скопје кои ја донесоа преставата „Ричард 3“ од Вилијам Шекспир во режија на Ана Варелова и Емилија Величкова.

Денеска на претпоследниот ден од годинешниот ДАФ во Кочани ќе настапат аматерскиот театар од Кичево, драмските аматери од Охрид и Интимниот театар при Младинската сцена од Битола.  Ќе се одржи и портрет на актерот Мите Грозданов по повод неговата 60-годишна работа во драмскиот аматеризам и 50 години професионална актерска игра.

Со претставата „Ничија земја“ почнувa четвртиот „МНТ Фест“

$
0
0

Пред премиерата на „Ничија земја“ вечер, во 19:30 часот, ќе биде отворена изложба на Драган Гајиќ, кој се занимава со театарска фотографија.

Фестивалот ќе се одржува до 13 јуни под мотото „Создаваме на светов убавина“. На 5 и 6 јуни гостува Хуи опера и пекиншки оперски театар од провинцијата Анхуи со претставата „Магбет“, а на 8 јуни Народниот театарот „Иван Вазов“ со „Дон Жуан“. На 13 јуни гостува Народно позориште од Белград со „Иванов“ во главна улога со нашиот актер Никола Ристановски.

В недела ќе има МНТ фест за деца, кога ќе се изведат претставите за деца „Силјан штркот шанца“ и „Авантурите на Аладин“ и документарниот филм „Право кон ѕвездите“. Идејата, како што информира МНТ, е во иднина да има интернационална детска програма.

Во рамки на фестивалот ќе има две работилници. Првата е ликовна колонија каде десетина млади сликари ќе работат портрети на наши актери, а втората е за театарска фотографија. Млади фотографи ќе ги фотографираат претставите кои доаѓаат, а потоа ќе има изложба.

Претставата „Ничија земја“ е по сценарио на Данис Тановиќ и Александар Морфов. Во неа играат Сашко Коцев, Никола Ацески, Александар Михајловски, Гораст Цветковски, Александар Микиќ, Славиша Кајевски, Александар Ѓорѓиески, Борче Начев, Камка Тоциновски, Марија Кондовска…

Сценографи се Никола Тороманов и Валентин Светозарев, кој е и костимограф. Изборот на музиката е на Александар Морфов.

Според директорот на МНТ Дејан Пројковски, „Ничија земја“ е една од најважните работи кои ги создал МНТ во последните децении и која, како што рече, ќе ве насмее и растажи до солзи.

Објавен конкурсот за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2017 година

$
0
0

На конкурсот, како што соопшти Националната установа Струшки вечери на поезијата, можат да бидат пријавени само дела од еден автор. Коавторски дела се неприфатливи. Освен на македонски јазик, може да биде пријавена и книга објавена двојазично, каде поетското творештво на македонски е оригинално создадено, односно, не е превод од друг јазик.

Пријавените поетски книги треба да се првообјавени во периодот за кој се доделува наградата и да не бидат претходно објавени на друг јазик. Пријави можат да поднесат авторите или нивните издавачи во согласност со нив, еден автор или издавач може да учествува со неограничен број наслови, а избори или книги во кои има препечатени делови од други книги нема да бидат земени предвид.

Книгите, како што е наведено, мора да имаат ISBN број, а дела од членови на Управниот одбор, директорот, вработените во СВП или на членови на жири-комисијата и нивни поблиски роднини нема да бидат прифатени.

– Со учеството на конкурсот се смета дека добитникот ги отстапил авторските и издавачките права на НУМ СВП за употреба во промотивни и некомерцијални цели на целата книга или на делови во оригинал или во превод на други јазици во печатена или дигитална форма, на интернет, како и за други настани поврзани со наградата и наградениот поет, стои во правилникот на конкурсот.

Пријавените книги ќе ги оценува жири-комисија од пет члена, а одлуката за добитникот ќе биде соопштена за време на одржувањето на годинашното издание на Струшките вечери на поезијата во Струга.

Најпрестижната национална награда за книжевност „Браќа Миладиновци“ се состои од плакета и паричен износ, кој годинава е зголемен за 50 отсто во однос на претходните години и изнесува 150.000 денари.

Авторите или издавачите за учество на конкурсот треба да испратат шест примероци од книгата на следната адреса: Струшки вечери на поезијата, поштенски фах 109, 6330 Струга, Република Македонија.

Македонски ликовни изложби го отворија „Солеј”во Созопол

$
0
0

Културно-информативниот Центар на Република Македонија кој трета година по ред е партнер и редовен гостин на овој Фестивал, годинава понуди три културни содржини. Најпрво беше отворена изложбата „Поврзување”, на која со преку педесетина дела, работени во различни ликовни техники, се претставија уметниците Иво Пецов, Марјан Ѕин, Маријана Иванова, Ице Огненовски-Мерко, Зоран Мише, Слободан Милошески, Горан Тричковски, Иван Стоименов, Павел Целкоски и Перица Георгиев-Пепси.

Во вториот дел од програмата беше отворена и ликовната изложба „Охридски филиграни” од авторката Мирјана Николоска. Преку триесетина дела работени на традиционален начин, со срма, монистра и охридски бисер, предизвикаа голем интерес, исто како и „Поврзување”.

Изложбите ги отворија директорката на Фестивалот Александрина Исаилова, претседателката на Советот на Општина Созопол Красимира Германова и директорот на нашиот Центар во Софија, Васко Шутаров. На настаните присуствуваа амбасадори на земјите учеснички на фестивалот и бројни ликовни и културни работници од Созопол.

Седмиот Фестивал на Франкофонијата во Созопол ќе трае до 8 јуни, со културна програма од Франција, Белгија, Швајцарија, Романија, Грузија, Либан, Мароко, Македонија и Бугарија. Утре Македонија ќе биде претставена и со пијано рецитал на Мимоза Ќека, која на програмата ќе изведе дела од француските композитори Морис Равел и Клод Дебиси.

„Магбет: Исплашена душа“ од Кина гостува на 4. МНТ Фест

$
0
0

Цинг До, претседател на уметничката група, и директорот на групата Цуанг Џао, на прес-конференција соопштија дека Хуи операта од провинцијата Анху е посебен вид уметничка драмска форма со историја од 400 години, која особено популарна станала пред 200 години.

– Хуи операта во Пекинг е многу прифатена од народот и пред 40-50 години од неа е зародишот на Пекиншката опера. Таа се изразува преку музика, пеење, играње, традиционални воени вештини, ја раскажува приказната преку костимите и боите, рече До, додавајќи дека ова гостување е прекрасна можност за продлабочување на пријателството меѓу двете земји.

Главниот актер во претставата Јушу Ванг, кој е добитник на најголемата Годишна награда за театар во Кина, на прес-конференцијата рече дека за Хуи опера мора да се вежба од најрани години, а тој самиот почнал на 10 години.

– Ова дело е производ од спој на западна драмска форма и традиционална кинеска форма со цел да привлечеме интерес за да се запознае кинеската традиционална опера. Претставата има интересни движења и маски кои ги има само во Кина, истакна Ванг.

Директорот на МНТ Дејан Пројковски рече дека претставата ја има добиено Тринаесеттата фестивалска награда за кинеска драма, а минатата година  во Единбург учествуваше на најголемиот уметнички фестивал во светот (Edinburg Festival Fringe).

– Во октомври имав можност да ја гледам претставата во живо во Кина и сум многу среќен што сега е тука, зашто ретко имаме можност да го видиме овој тип театар на традиционален израз кој со својот квалитет и форма опстојал и до ден-денес е интересен за публиката, рече Пројковски.

Четвртиот „МНТ Фест“ почна на 3 јуни со премиера на „Ничија земја“ на режисерот Александар Морфов, а викендов на програмата за најмалдите беа изведени хит-претставите на МНТ „Силјан штркот шанца“ и „Авантурите Аладин“. По утрешната реприза на кинеската претстава „Магбет: исплашена душа“, следен фестивалски настан е на 8 јуни – претставата „Дон Жуан“ во режија на Морфов во изведба на Народниот театар „Иван Вазов“ од Софија.

Концерт на пијанистаката Ќека на Фестивалот на франкофонијата во Созопол

$
0
0

На соло-рециталот Ќека исполни дела од Морис Равел, Клод Дебиси и Франц Лист, а на бис беше изведено дело од македонскиот композитор Томислав Зографски.

Настанот пред љубителите на музиката во Археолошкиот музеј во Созопол го отворија директорката на фестивалот Александрина Исајлова и директорот на нашиот КИЦ во Софија Васко Шутаров.

Мимоза Ќека е родена 1994 година, а пијано започнува да учи на петгодишна возраст. Основното и средното музичко образование го стекнува во ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“, а во 2015 година дипломира на Факултетот за музичка уметност на одделот по пијано, во класата на проф.Тодор Светиев. Во моментов привршува со своите постдипломски студии под менторство на проф.Лилија Зилберштајн. Има настапувано на бројни концерти во Македонија, Србија, Франција, Италија и освојувано значајни државни и меѓународни награди.

Соло-рециталот на Мимоза Ќека беше нејзино прво значајно претставување пред публиката во Бугарија.


Премиера на „Мумија“ во кино „Милениум“

$
0
0
В четврток, на 8 јуни во скопското кино „Милениум“ во 20 часот е закажана премиерата на филмот „Мумија“.  Филмот е во режија на Алекс Курцман, а во главните улоги e фантастична актерска екипа Том Круз, Расел Кроу, Софија Бутела, Анабел Волис.
Вториот новитет во „Милениум“ за неделава е детскиот филм „Авантурите на Нели“ во режија на Доминк Веслеј, со Флора Тиеман, Џулија Ричер, Каи Лентродт во главните улоги.

Почнува 52. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“

$
0
0

Во официјалната селекција во трка за награди годинава се уште 11 претстави: „Figurae Veneris Historiae“ (Љубовни пози на историјата) на Прилепскиот театар; „Злосторство и казна“ на Битолскиот театар; „Трудна приказна“ на Театар Комедија од Скопје; „Плавиот-кучето“ на Албански театар-Скопје; „Хај-фај“ на Кумановскиот театар;  „Лазаревото писмо“ на Штипскиот театар; „Отело“ на Турски театар-Скопје;  „Џон Габриел Боркман“ на Струмичкиот театар; „Копање“ на Македонскиот народен театар; „Аналфабет“ на Охридскиот театар и претставата „Ана Комнена“ на Велешкиот театар.

Според селекторот и претседател на Советот на Фестивалот Петар Темелковски,  МТФ годинава има богата програма во која заедно со 12-те претстави од официјалната програма ќе понуди вкупно 20 претстави.

МТФ ВОЈДАН 6ЕРНОДРИНСКИ 2017

– Уверен сум дека публиката ќе ужива во сите фестивалски вечери. Има разновидна програма. Се потрудив како селектор да го изберам најдоброто што го создале македонските театарски куќи меѓу двата фестивала. Секој ден од 19.30, од 22 часот и по полноќ ќе има претстави и ја очекуваме публиката која знае да ги цени достигнувањата на ансамблите во македонските театри, рече Темелковски на прес-конференција.

Пред свеченото отворање на Фестивалот, во 19.30 часот во ликовната галерија на Домот на културата „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата „Пејзажи на душата“ од Стефан Хаџиниколов, а во изложбениот салон на Домот на културата ќе се отвори и изложбата на дела на Друштвото на ликовните уметници од Битола.

МТФ „Војдан Чернодрински“ ќе трае до 16 јуни, а на завршната вечер во чест на наградените Македонската опера и балет ќе го изведе мјузиклот „Тајно моја“ во чест на Тоше Проески. Поради голем интерес, најавени се две изведби на мјузиклот.

Делегација на ДПМ ќе му оддаде почит на поетот и револуционер Кочо Рацин

$
0
0

Традиционалната Беседа за Рацин на годинашните Рацинови средби ќе ја има Мишел Павловски, кој ќе ја предводи делегација на македонската писателска асоцијација.

На меѓународниот поетски митинг во рамки на Рациновите средби вечер во театарот „Џинот“ во Велес ќе настапат поетите на ДПМ: Игор Крајчев, Олга Панкина, Филип Клетников, Мирјана Тренчева и Александра Велинова.

На денот на погибијата на Кочо Рацин, 13 јуни, претставници на ДПМ ќе читаат стихови посветени на поетот, на Лопушник – местото на трагичниот настан.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е опседнат со уривање, блокирање и укинување

$
0
0

Тоа што Заев ќе ја урива оградата од владата или ќе ја укине програмата Кембриџ нема да помогне на економски план каде вети 16.000 денари минимална и 30.000 денари просечна плата. Тоа што Заев сака да се спаси од одговорност за криминалот со покренување на постапка за смена на Јавниот обвинител нема да им помогне на докторите да добијат плата од 100.000 денари како што им беше ветено. Со испорачувањето закани за реизбор на судиите, Заев можеби ќе се одмазди за сите пресуди против министрите-криминалци во неговата влада, но тоа нема да им помогне на граѓаните кои бараа продолжување на породилното отсуство од 9 на 18 месеци. Граѓанската иницијатива беше отфрлена од мнозинството на СДС.

Добро е што СДС се обидува да продолжи дел од проектите на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи парите кои останаа во буџетот се токму за исплата на субвенции, покачени пензии и стипендии.

Граѓаните од СДС очекуваат реализација на новите проекти кои ги ветуваа како поврат на 15% на ДДВ со кој граѓаните ќе добиеле 30.000 денари годишно приход, како што вети Заев.

Повторувањето на грчките црвени линии не им значи ништо на граѓаните кои очекуваат СДС да обезбеди брз влез во ЕУ и НАТО, како што тоа ветија, без притоа да се задира во идентитетски прашања или да се прават договори на штета на македонскиот народ.

Граѓаните очекуваат нови 500 километри автопат, без притоа СДС да измислува изговори за наводни застои за автопатите почнати од ВМРО-ДПМНЕ, кои се во крајна фаза на градба.

Граѓаните сакаат работа и посветеност, како што тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ, а не празно теоретизирање и „отворање на дебати“ од кои нема реален бенефит.

Свечено отворен 52. МТФ „Војдан Чернодрински“

$
0
0

Честитајќи му ја наградата, градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески истакна дека градот се гордее со Фестивалот кој е не само бренд на градот туку и на Македонија.

Прилеп се гордее со фестивалот кој еве веќе по 52. пат се отвора. Се надевам деа прилепската и македонската публика овие седум дена ќе ужива во врвните достигнувања на македонските театарски куќи, изјави Ристески.

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски рече дека му е задоволство што неговото прво официјално појавување во јавноста е токму на отворањето на МТФ „Војдан Чернодрински“. Најави дека Министерството за култура ќе продолжи да ја поддржува оваа врвна манифестација.

– Пред нас е 52. издание на Фестивалот „Војдан Чернодрински“, навистина импозантна традиција која засужува длабок респект. Повеќе од половина век е расадник, мотиватор и еден од клучните двигатели на македонското драмско творештво. За Македонија, фестивалот е особено важен бидејќи се презентира најдоброто од театрите, се вреднува домашната театарска продукција, а тој служи како платформа преку која театаарските работници се споредуваат, учат еден од друг и заедно ја градат театарската традиција и го развиваат овој важен сегмент на нашата уметност и култура. Министерството за култура ќе продолжи да го поддржува македонското драмско творештво како и Фестивалот. Тој останува во Прилеп и ќе се засили во функција на доближување на театарот до модерните светски театарски трендови, рече на отворањето на Фестивалот министерот за култура Роберт Алаѓозовски.

На големата сцена од домот на културата Драмски театар од Скопје ја изведе првата од 12-те претстави во официјалната конкуренција за награди. Публиката ја виде претставата „Венецијанскиот трговец“ од Шекспир во режија на Наташа Поплавска.

Синоќа, во чест на Фестивалот, во домот на културата „Марко Цепенков“ беа отворени изложбите: „Пејзажи на душата“ од Стефан Хаџиниколов и заедничката на Друштвото на ликовните уметници на Битола.

Денеска е богата фестивалската програма со три претстави од кои една во официјалната конкуренција. Од 19.30 часот во домот на културата, Македонската опера и балет ќе ја изведе „Марија Калас – час“, а од 21 часот пред црквата „Свети Никола“ во Варош, Културен центар скрб и утеха ќе ја изведе претставата „Патот“.

Народниот театар „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, како втора претстава во официјалната конкуренција, на матичната сцена од 22 часот ќе ја изведе претставата „Фигурае венерис хисториае“ или „Љубовни пози на историјата“ од Горан Стефановски во режија на Наташа Поплавска.

На годинашниов Фестивал ќе бидат прикажани вкупно 20 претстави од кои 12 се во официјалната конкуренција за награди.

Поетско-ликовна колонија во библиотеката „Браќа Миладиновци“

$
0
0

На колонијата ќе учествуваат сликарите: Драган Мијац-Бриле и Јакша Чаласан од Црна Гора, Мирослав Живковиќ од Србија, Роман Кисјов од Бугарија и Сергеј Андреевски, Емил Шулајковски, Илија Стојковски, Јасмина Трпевска, Александра Ацеска и Христина Маневска од Македонија.

Сликарите, кои ќе работат во просториите на Библиотеката, ќе бидат инспирирани од песните на Блаже Конески, Славко Јаневски, Ацо Шопов, Гане Тодоровски, Анте Поповски, Петре М. Андреевски, Љубен Ташковски, Петар Т. Бошковски, Јован Котески и Чедо Јакимовски.

На почетокот на колонијата, денеска напладне во библиотеката „Браќа Миладиновци“ ќе биде отворена изложба на цртежи од ученици од основни училишта од Скопје. Завршната свеченост ќе биде на 15 јуни во 20 часот со литературно читање, презентација на создадените дела и настап во живо на позната скопска музичка група во дворот на Библиотеката.

„Отело“ на Турскиот театар од Скопје на фестивалот „Војдан Чернодрински“

$
0
0

Претставата е во режија на Дејан Пројковски, а улогите ги толкуваат Џенап Самет (Отело), Сузан Акбелге (Дездемона), Селпин Керим (Јаго), Осман Али (Касио), Зубејде Али (Емилија) и Неат Али (Родриго).

Турскиот театар со оваа претстава гостуваше и на 25. Меѓународен театарски фестивал „Варненско лето“ во Варна, Република Бугарија.


„Скаменет сон“ –нова стихозбирка на Стојан Тарапуза

$
0
0

– Тие се поделени во три циклуси, кои својот заеднички именител го имаат во мисловните сондажи нијансирани со префинети лирски рефлекси, соопшти „Дијалог“.

Покрај „Скаменет сон“, Тарапуза е автор на уште две книги за возрасни („Црвено растење“ од 1961 и „Во каменот ден“ од 1965), како и на неколку десетици книги за деца, меѓу кои: „Грејни сонце“, „Полно кајче желби“, „Дамбара думбара“, „Цвет и злато“, „Очиња поточиња“, „Деновирки“, „Седум брода“ и „Облак се поти“.

Тарапуза е добитник на повеќе признанија, меѓу кои: наградата „Ванчо Николески“ на Друштвото на писателите на Македонија за најдобра книга за деца, „Книжевно жезло“ за литературен опус, Змајевата награда, како и наградата на Радио-телевизија Скопје што се доделуваше на Струшките вечери на поезијата. Во 2011 година беа објавени избрани дела на Стојан Тарапуза во три тома.

Народно позориште од Белград ќе го затвори 4. МНТ Фест

$
0
0

„Иванов“ е првата поставена претстава на Чехов. Праизведбата била во 1887 година во театарот „Корша“, по која авторот направил корекции на текстот  и неколку верзии, од кои најголемата промена била во доменот на жанрот – од комедија во драма – за изведбата во Александрискиот театар.

Нејзиниот успех се должел на тоа што се однесувала на актуелните проблеми на руските интелектуалци во осумдесеттите години на 19 век. Според театролозите, во руската театарска и литаратурна критика не постои лик што предизвикал толкав број расправи, спорови и интерпретации како Чеховиот Иванов.

Годинашниот МНТ Фест почна на 3 јуни со премиера на „Ничија земја“ во режија на Александар Морфов. На програмата на фестивалот беа и: „Магбет: Исплашена душа“ на Пекиншкиот оперски театар; „Дон Жуан“ на Народниот театар „Иван Вазов“ од Софија; Балкански стендап „Сашко Коцев и пријателите“, како и две претстави за најмладите во продукција на МНТ – „Силјан Штркот шанца“ и „Авантурите на Аладин“.

„Музиката на Џанго“ го отвора 10. Француски филмски фестивал

$
0
0

Филмот, кој е посветен на животот на најпознатиот француски џез-музичар, гитарист и композитор Џанго Ренар, го отвори и годинашниот Берлински филмски фестивал и имаше осум номинации.

Џанго Ренар во окупираниот Париз во Втората светска војна бил под притисок од нацистите, но успеал да се избори и да истрае со неговата музика и со желбата за перфекција.

Поради јубилејното издание, Францускиот институт годинава ќе организира патувачки фестивал и во наредните пет месеци со ревии ќе гостува во десет градови низ Македонија.

Од 14 јуни до 19 ноември во поголемите градови ќе има проекции насловени „Фокус на францускиот филм во Македонија“, со цел промовирање на францускиот и франкофонскиот филм во земјава.

– „Фокус на францускиот филм“ е предвиден и во рамките на фестивалот „Синедејс“ во присуство на млади француски филмски таленти, како француска вечер поддржана од ТВ5 Монд и серија од најмалку четири француски филмови во период од два или три дена, со што ќе биде затворено годинашното издание на фестивалот, соопшти Францускиот институт.

Од 2008 година, кога почна организирањето на Францускиот филмски фестивал во Македонија, прикажани се околу сто филма и гостувале 60 почесни гости од филмскиот свет. На отворањето вечер во „Милениум“ ќе биде отворена изложба на портрети од најзначајните гости во изминатите 10 години направени од фотографот на фестивалот Милан Стрезовски.

По проекцијата и свеченото отворање во Скопје, Францускиот филмски фестивал овој месец ќе гостува со по три филма во Народниот театар во Велес (16-18 јуни) и во Центарот за култура во Прилеп (21-23 јуни). По летниот период ќе продолжи со филмски ревии во други градови и ќе заврши во ноември на фестивалот „Синедејс“ со познати гости.

МНТ со „Животот е прекрасен“ на Денови на сатирата во Загреб

$
0
0

Фестивалот Денови на сатирата беше отворен на 2 јуни во организација и реализација на Сатиричниот театар Керемпух. Овој познат фестивал кој секогаш бил многу посетен и се темели на претстави со висок жанровски и стилски распон, со моќна присутност на хрватски автори и авторски проекти.

Од вкупно 47 пријавени претстави, селекторите се одлучија за 15 наслови/претстави кои ја сочинуваат овогодинешната програмата, составена од дела на современи автори и авторски проекти, но застапени се и адаптации на класиците. Во селективната програма е и Македонскиот народен театар со претставата „Животот е прекрасен“.

Во програмата на 41-то издание Денови на сатарата ќе бидат одиграни шест хрватски претстави, три словенски, две од Србија, една од Македонија, Германија и Црна Гора, а една од претставите е српско-црногорско-унгарска копродукција.

Автори на претставите се: Семуел Бекет, Ричард Беан, Бобан Скерлиќ, Рајко Грлиќ, Анте Томиќ, Мате Матишиќ, Арпад Шилинг, Иван Видиќ, а режисерски ги потпишуваат Саша Божиќ, Винко Брешан, Јануз Кица, Кокан Младеновиќ, Милан Нешковиќ, Вито Тауфер, Игор Вук Торбица.

Организаторите на фестивалот очекуваат повеќе од 300 изведувачи и учесници, а затворањето е во недела на 21 јуни со доделувањето на наградата 41. „Денови на сатира Фидел Хаџиќ“, а оценката за најдобра претстава ќе ја даде комисијата во состав: Бојана Радовиќ, театарска критичарка во „Вечерен лист“, драмскиот уметник Ливо Бадурина и драмскиот писател Томислав Зајец.

Душко Љуштина, директорот на Сатиричниот театар Керемпух, изјави дека од далечната 1976 година, секоја наредна година, претставите на најдобар можен начин ја промовираат сатирично-комедиографската литература. – Фестивалот оваа година е три пати поскап, па тоа веројатно значи дека е најдобар до сега, изјави Љуштина.

Освен во Керемпух, програмата Денови на сатира ќе се реализира и во Хрватско народно казалиште и во казалиште за млади во Загреб.

Изложба на графики од млади автори од Македонија и Бугарија

$
0
0

Во галеријата Робевци во Охрид денеска ќе биде отворена изложба на дела од автори на графичкото студио „Принт Нест“ од Софија.

Изложбата е наречена Интаглио поради техниките кои го поврзуваат заедничкото творештво на авторите.

Станува збор за шест млади автори од Македонија и од Бугарија кои имаат основано свое студио во Софија.

Viewing all 3463 articles
Browse latest View live