Quantcast
Channel: Култура – Kurir.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

Петар Темелковски премиерно ја изведе „Песни за татковината“ од Вапцаров

$
0
0
petar temelkovski

Ова беше негов авторски проект, а по повод 75-годишнината од смртта на македонскиот револуционер, хуманист и поет Никола Јонков Вапцаров, поддржан од Министерството за култура во годишната програма на Велешкиот театар.

– Вапцаров е редок поет кој е преведуван на стотина јазици, тој е поет на целиот свет, бидејќи напишал толку песни за својата земја и воопшто за праведно човештво. Интересно е да спомнам дека за Вапцаров има една многу потресна работа, кога бил осуден на смрт тој од бугарскиот цар Борис трети добил помилување, но помилувањето го одбил. Вапцаров ги условил властите, или сите негови другари од ќелијата односно сите седум патриоти и дејци за слобода кои требало да бидат стрелани да бидат ослободени или никој, а меѓу нив бил и Антон Попов. Но, бидејќи не било прифатено неговото барање, Никола одлучил да умре и да биде стрелан со неговите другари. Тој не го прифатил помилувањето бидејќи оценил дека со тоа не ќе може да живее и со тоа докажал дека е многу храбар, вели Темелковски.

Најави дека оваа монодрама за Никола Јонков Вапцаров годинава ќе ја изведе во Скопје и во други градови во земјава, а на 7 декември, денот кога е роден Вапцаров повторно завршно на сцената во Велешкиот театар.

Никола Јонков Вапцаров е роден на 7 декември 1909 година во Банско, Пиринска Македонија, а бил стрелан на 23 јули 1942 година. За време на неговиот живот била објавена неговата збирка поезија „Моторни песни“, а потоа по паѓањето на фашизмот во Бугарија и „Антологија“ и книгата за деца „Пролет“. Никола Јонков Вапцаров во 1952 година посмртно бил добитник на почесната меѓународна награда за мир. Никола Јонков Вапцаров иако својата поезија ја пишувал на бугарски јазик, нејзината содржина е доминантно македонска.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

Trending Articles