
Кореографијата за претставата ја направи Андријана Андреева додека кореографијата и сценографијата се на Александра Димитрова.
– Претставата „Алиса во земјата на чудата“ овој пат понуди поинаков сценски израз. Започна во градскиот парк, а преку поставениот тунел продолжи да се игра на сцената на Центарот за култура. Салата беше исполнета до последното место што не е досега забележано на некоја театарска пртестава во Кочани. Тоа значи дека публиката повторно се враќа во театартот, изјави режисерот на преставата Кристина Атанасова Арсова.
Оваа претстава за деца и младинци е континутитет во работата на Драмското студио при Центарот од Кочани, каде што беа изведени и претставите „Петар пан“, „Народниот раскажувач“… Според најавите претставата ќе ја видат и љубителите на драмската уметност од Кочани и Виница, а ќе гостува и во Штип и Скопје.
Претставата „Алиса во земјата на чудата“ е проект на Центарот за култура од Кочани финансиски поддржан од Министерството за култура за оваа година.