
Ќе бидат изведени популарни француски шансони кои ги испеале Едит Пјаф, Ив Монтан, Жо Дасин, Мишел Легранд…
На концертот како вокалист ќе настапи унгарската џез вокалистка со меѓународна кариера, Миртил, диригент е Борјан Цанев, оркестрациите се на Емин Џијан, а режијата е на Дејан Прошев. На сцената поезија од францускиот поет Жак Превер ќе чита актерот Васил Зафирчев.