
Македонската писателска асоцијација има 540 членови, од кои 30 писатели членуваат повеќе од половина век.
ДПМ го издава списанието „Стожер“ и ги доделува годишните награди за најдобри остварувања во: поезијата – „Ацо Шопов“; прозата – „Стале Попов“; критиката и есеистиката „Димитар Митрев“; за најуспешна книга за деца – „Ванчо Николески“, како и наградите „Книжевен жезол“ – за поетски опус со високи естетски вредности и „Книжевен мост“ – за дело објавено на некој од јазиците на националностите во Македонија.
Седумдеценискиот јубилеј ДПМ ќе го прослави в четврток, 16 февруари, со свечен собир на кој, меѓу другото, ќе бидат врачени и наградите за најдобри книжевни остварувања во 2016 година.