
-Културата е многу специфична и кога се гледа таа годишна програма мора да се гледа многу аналитично во однос на сите дејности на културата. Не може издавачката дејност да е приоритет во однос на целата годишна програма, затоа што издавачката дејност е еден мал сегмент и тука станува збор за приватни издавачки куќи. Многу е важно годишната програма да се анализира прво врз основ на она што пристигнато како понуда на конкурсот во Министерството за култура, да ја видиме понудата од другата страна и потоа се разбира да ги видиме сите резултати на прифатените проекти во сите области на културата, кажа Канческа-Милевска.