
Централната свеченост, под наслов „Средба на генерации“, со учество на 20 поети на ДПМ, ќе се одржи на 19 декември на Педагошкиот факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Претходниот ден, 16 декември, во рамки на манифестацијата во ОУ „Блаже Конески“ во Скопје ќе настапат писатели за деца.
По повод годишнината, на веб-страницата на ДПМ ќе биде објавен избор од поезијата на Конески.
Друштвото на писателите на Македонија минатата година го востанови признанието „Повелба Блаже Конески“. Прв добитник беше поетот и академик Матеја Матевски.