
Преку проектот јавноста првпат ќе се запознае, преку слика и текст за богатата мегалитска култура на територијата на Македонија од неолитот до новата ера, со што Македонија ќе биде на светската мегалитска карта.
На настанот ќе зборува Душко Алексовски, претседател на Македонскиот центар за карпеста уметност и основач на Светската академија за карпеста уметност, кој е пензиониран универзитетски професор по палеолингвистика на универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.