
Во фокусот на конференцијата, како што е најавено, ќе биде прашањето за тоа како се препознаваат, како се негуваат и како се обликуваат трајни вредности, процесите на толкување и валоризација на современата култура, во национални рамки и на глобално ниво.
Институтот за македонска литература, со својата целокупна дејност во изминатите 35 години постоење директно е вклучен во детектирањето, негувањето и научното проследување на трајните вредности на македонската литература и култура.