
За изложбата, посветена на Кокино, зборуваа директорот на Центарот во Софија Васко Шутаров, авторот на изложбата Љупчо Илиевски и Елизабета Кузмановска од име на Дирекцијата за култура и уметност на град Скопје.
Низ 30 фотографии, авторот Илиевски пред публиката во Софија го претстави своето уметничко, но, и лично доживување на овој археолошки локалитет и воедно, светски позната мегалитска обсерваторија.
Во вториот дел од програмата беше претставена книгата со избор од македонска поезија на бугарски јазик, авторско дело на бугарскиот поет и преведувач Роман Кисјов. Во него се застапени 42 поетски имиња од сите генерации македонски поети, претставени со вкупно 385 песни.
Книгата беше претставена од авторот Кисјов и претставникот на бугарското книгоиздателството “Ерго” Мартин Христов. Стихови интерпретираа Ѓорги Георгиев-Антика и Тодор Тодоров. Поетскиот дел од програмата со свои читања го збогатија академик Катица Ќулавкова и Владимир Мартиновски.
Ова беше централен настан на Културно-информативниот Центар на Р. Македонија во Софија во есенскиот дел од културната програма. И двата настани се поддржани од македонското Министерство за култура.