
На промовирањето на новите изданија е најавено присуство на заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски.
Проектот „Македонски дејци“ почна да се реализира во 2013 година по повод одбележувањето 120 години од основањето на Македонската револуционерна организација.
Книгите во едицијата се посветени на личности од македонската историја кои од разни причини останале помалку познати за јавноста. Целта на проектот е да се расветли делото, придонесот и стремежот на некои македонски дејци за македонска држава.