Quantcast
Channel: Култура – Kurir.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

Претставен проектот „Конекција 2″во КИЦ на Република Македонија во Софија

$
0
0
izlozba-sofija

На изложбата беа претставени дела во различни техники. Од областа на сликарството, делата на Перица Георгиев – Пепси, Иво Пецов, Марјан Ѕин, Ице Огненовски – Мерко, Јовица Миленов и Јорданчо Ристовски. Со свои графики се претставија Павел Целковски, Горан Тричковски и Зоран Мише.  Слободан Милошески се претстави со две скулптури, Адриана Јованоска со накити и Маријана Иванова со плакати.

Во музичко-поетскиот дел од вечерта, Ѓорги Георгиев и Пламен Великов интерпретираа одбрани стихови од творештвото на македонските поети Ацо Шопов и Михаил Ренџов, а во музичкиот дел беа испеани традиционални македонски песни и неколку познати теми од поп-музиката.

1izlozba-sofija

Иницијатор на овој мултимедијален проект е нашиот Центар во Софија, настанот пред софиската публика го претстави и прогласи за отворен директорот Васко Шутаров, а проектот  “Конекција 2 “што годинава ќе биде претставен и во Стара Загора, Бургас и Варна е поддржан од Министерството за култура на Р. Македонија.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

Trending Articles