
Ќе бидат изложени творби од 19 автори, учесници на 22-то издание на Колонијата. Делата се на уметниците од Бугарија, Србија, Црна Гора, Казахстан, Малезија, Албанија, Кипар и од Македонија.
Меѓу делата се наоѓаат и творби од еминентите македонски автори: Жарко Јакимовски, Васко Ташковски, Слободна Милошески, Емил Шулајкоски, Ѓорѓи Чулаковски- Ѓото, Решат Амети, Христина Зафировска.