
Организаторот и уметничкиот директор Орце Ристевски вели дека ова е негова идеја, стара 45 години и дека конечно го реализира фестивалот за македонски иселеници.
Градоначалникот Марјан Ристески ја поздрави иницијативата, посочувајќи дека со овој фестивал се негуваат корените на сите иселеници не само од градот туку и од земјава. Организаторите најавија, овој нов музички фестивал во Македонија ќе стане наша традиција.