
Љубителите на фолклорот утре ќе може да ги проследат настапите на ансамблите „Александар Македонски“ од Мелбурн и „Гоце Делчев“ од Битола, како и КУД „Дримкол“ од Вевчани.
На фестивалската програма в сабота се настапите на ансамблите „Китка“ од Истибања и „Македонски бисери“ од Австралија и фолклорниот Ансамбл од Турција. На затворањето на фестивалот во недела, ќе настапат ансамблите „Пловдив“ од Бугарија, „Искра“ од Црна Гора и КУД „Отексфолк“ од Охрид.
Покровител на фестивалот е Собранието на Република Македонија, а финансиски е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија и пријателите на фестивалот. Влезот на сите фестивалски вечери е слободен, а настапите почнуваат во 21 часот.