
Во Охрид, пак, во Центарот за култура „Григор Прличев“, посетителите вечер ќе може да го гледаат „Три срца, а утре „Судија“.
Фестивалот почна завчера, со проекција на филмот „Патот за Истанбул“ на алжирскиот режисер Рашид Бушареб во кино „Милениум“. Го организираат Амбасадата на Франција и Францускиот институт со поддршка на Министерството за култура.
Вчера во Скопје беа прикажани „Страв“ и документарецот „Утре“, а во Охрид филмот „Каприс“.
Годинашното мото на фестивалот е „Различна кинематографија“, а програмата, покрај проекции, предвидува и професионални средби со филмски работници.