
Книгата ќе ја промовира проф. д-р Ферид Мухиќ. Ова е трет роман на македонскиот писател Томислав Османли, кој припаѓа на најмалку застапениот жанр во македонската литература, негативната утопија.
Станува збор за исклучителна книга чие дејствие се случува во 2039 година.
„Бродот. Конзархија“ е книга во која авторот се обидува да ги открие својствата на новото прагматично време.