
Во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска ќе биде промовирана монографијата „Киевски Дамаскин“ приредена од академик Петар Хр. Илиевски и проф. д-р Красимира Илиевска.
Промоцијата ќе ја отвори академик Витомир Митевски, секретар на Одделението за лингвистика и литературна наука. Промотор е проф. д-р Димитар Пандев.