Quantcast
Channel: Култура – Kurir.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

Во Белград промовирано делото ,,Дама са шеширом”од пехчевската поетеса Габриела Костадинова

$
0
0

Новата книга на пехчевската поетеса Габриела Костадинова „Дама са шеширом“ денеска беше промовирана во Белград. Книгата, која беше промовирана во рамки на Саемот на книгата, како што информираше авторката, е издадена од Српско уметничко друштво од Белград. -Чест и задоволство е да се биде единствен претставник од Пехчево и Македонија и единствена поетеса на кого Српско уметничко друштво Београд оваа година на Саемот и направи промоција. Благодарност до Неџо Чича Стојановиќ за укажаната чест, истакна Костадинова. Книгата, како што додава, претходно е издадена и на македонско јазик под наслов „Дамата со шеширот“. Габриела Костадинова досега ги има објавено книгите поезија „Записи на болката“ и „Црвената боја на љубовта“. Прогласена е за почесен граѓанин и успешна жена на Општина Пехчево за нејзините достигнувања во областа на културата.

Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

Trending Articles