
Покрај Маџиров, ќе учествуваат и поети од Србија, Хрватска, Словенија, Албанија, Бугарија и Грција.
Трибината ќе биде посветена на актуелните мигрантски процеси на Балканот погледнати од една поинаква, „балконска” перспектива, а потоа ќе следува и поетско читање со сите автори.
Пред три години Маџиров во рамките на „Поесиефестивал Берлин” го организираше настанот „Дом – Излез – Дом” на кој учествуваа десет поети од повеќе континенти.