
„Риголето“ се смета за една од најубавите музички драми во оперската литература и нејзиното либрето базира на расказот „Кралот се забавува“ на Виктор Иго (некаде се среќава и под наслов „Човекот кој се смееше“).
Во главните улоги настапи врвна солистичка екипа: во насловната улога Борис Трајанов, Ана Дурловски, Михајло Арсенски (кој живее и работи во Германија), Игор Дурловски и Ирена Кавкалевска.
Во останатите улоги се Ернес Ибраимовски, Диме Петров, Катерина Стојановска, Драган Ампов, Дејан Стоев, Александра Лазаревска-Василевски, Десанка Глигоријевиќ и Димитар Кожухаров.
Диригент беше гостинот од Италија, Џанлука Мартиненги.