Quantcast
Channel: Култура – Kurir.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

Промоција на „Ново раѓање на зборот“ во рамките на Струшките вечери на поезијата

$
0
0

Книгатата „Ново раѓање на зборот: антологија на младата македонска поезија“ ќе биде промовирана вечерва во Центарот за култура во Струга, во рамките на 62. издание на Струшките вечери на поезијата. Книгата е во издание на „ПНВ Публикации“ од Скопје, а за неа ќе говорат приредувачите Весна Мојсова-Чепишевска и Иван Антоновски. Модератор ќе биде Јулијана Величковска. Стихови ќе читаат дел од застапените автори - Андреј Ал-Асади, Павлина Атанасова, Марија Ангеловска, Марија Велинова, Стефан Костоски и Андреј Медиќ Лазаревски. Во антологијата се застапени 42 автора родени од 1991 година па наваму, а книгата е поделена на три циклуса: „Време е кога бараат од нас / да зборуваме за сечија друга болка / освен за својата“, „те бодам в грло / да исцедиш песна“ и „Во левиот џеб од капутот ја носам / мечтата кон едноставното“. – И еве, еве, во оваа 2023 година, кога се навршуваат 100 години од раѓањето на Ацо Шопов, таа антологија, и тоа на поетското творештво на авторите родени од 1991 година наваму – се случи. Се чини дека и мораше да се случи токму во оваа година во чест на Шопов, затоа што, од една страна, не само потребно, ами се чини и нужно е веќе во македонската културна стварност да се валоризира и критички да се согледа и опсервира она што е нова вредност на македонската современа поезија остварена од нови поетски гласови. Ама, од друга страна, и заради достојното чествување на делото на Шопов, кој важи за еден од најголемите поддржувачи на младите автори во периодот на педесеттите, шеесеттите и седумдесеттите години на минатиот век – и како поет, и како културен деец воопшто, вклучително и преку издаваштвото и преку уредништвото во периодиката. (...) Па така, следејќи ги и пораките и пристапот на Шопов, се пристапи кон подготовката на оваа антологија, се вели во предговорот Весна Мојсова-Чепишевска и Иван Антоновски. Изданието првпат беше промовирано во Охрид во рамките на 35. Поетска ноќ во Велестово, а ќе биде промовирано и во Скопје, во рамките на Скопскиот поетски фестивал во септември.

Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

Trending Articles