Quantcast
Channel: Култура – Kurir.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

Прилепскиот театар вечерва ќе ја изведе „Глембаеви“ во Загреб

$
0
0

Театарот „Војдан Чернодрински“ со претставата „Глембаеви“ во режија на Бранко Брезовец, гостува во Загреб на фестивалот посветен на Мирослав Крлежа. Загребската публика има можност вечерва од 21:оо чaсот во сатиричниот театар Керемпух, да ужива во изведбата на „Глембаеви“ која е критика на нововековната тајкунска чудовишност. Композитор е Никола Мицевски, сценографијата е на Ивана Кнез, а сценографијата на Сузана Брезовец. Со фестивалот „Мирослав Крлежа“ кој трае до 7 јули, годинава се одбележуваат 130 години од неговото раѓање. -Фестивалот нуди богата и разновидна програма и е културен настан на загребачкото културно лето и место за средба на Крлежа со уметниците и публиката. Токму затоа и учеството на нашиот театар на овој фестивал е од големо значење, велат од прилепскиот театар.

Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

Trending Articles