Quantcast
Channel: Култура – Kurir.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

Битолскиот театар ќе учествува на театарски маратон во Сомбор

$
0
0

Актерите на битолскиот театар Викторија Степановска Јанкуловска и Никола Стефанов, по синоќешната премиера на претставата „Брод за кукли“, отпатуваа за Србија каде утревечер ќе гостуваат во Сомбор. На покана од Народно позориште-Сомбор, битолските актери ќе настапат на театарски маратон и ќе ја изведат дуодрамата „Кислород“ од Иван Вирипиев, во режија на Иван Јерчиќ. -„Кислород“ е возбудлива и провокативна претстава, која низ исклучителни инвентивни и емотивни играни актерски и режирани драмски сцени, со својата комплексна структура поттикнува преиспитување на сложените егзистенцијални прашања со критика на општествените, социјалните и политички проблеми, информираа од НУ Народен театар-Битола. На 8 јуни, НУ Народен театар Битола со истата претстава ќе гостува во Нови Сад на камерната сцена на Српско народно позориште. (МИА)

Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

Trending Articles