Quantcast
Channel: Култура – Kurir.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

Промоција на сликовницата „Танцот на шарените шамичиња“

$
0
0

Во книжарницата „Литература.мк суперстор“ во „Скопје сити мол“ денеска ќе се одржи промоција на новата сликовница „Танцот на шарените шамичиња“ од писателот Александар Прокопиев. Сликовницата, која е во издание на „Либи“, импринт на „Арс Ламина – публикации“, е дел од новата едиција „Љубов на прв збор“. Илустрациите се на Сања Симоска, а уредничка на книгата е Оливера Ќорвезироска. Приказната во „Танцот на шарените шамичиња“ почнува кога едно свилено шамиче ќе ѝ се налути на мајка си и тргнува низ светот да бара дете на кое му тече носот. -Низ лирска, алегорична приказна за шамичето кое доживува брза и ненадејна слава, а сепак мечтае да си остане тоа што е, авторот ги соочува децата со фантазиите и сништата за иднината, поддржувајќи ги да мечтаат, но и подучувајќи ги никогаш да не се откажуваат од себе, од своите блиски и од тоа што во суштината се, соопштија од „Арс Ламина – публикации“.Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk.

Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

Trending Articles