Quantcast
Channel: Култура – Kurir.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

Претставите „За нас почнува живот“ и „Божиќна песна” на сцената на Народниот театар – Битола

$
0
0

Во Народниот театар – Битола денеска ќе бидат изведени две претстави. Во дневната програма, со почеток во 10:13 часот, ќе биде изведена претставата „Божиќна песна“, а во вечерниот термин, од 20 часот, „За нас почнува живот“. „Божиќната песна“, која раскажува за скржавецот Скруџ и неговиот вработен Боб Крачит, е една од најгледаните новогодишни и божиќни приказни. Претставата е креирана според истоимениот роман на Чарлс Дикенс, во копродукција со Културниот и информативен центар – Битола и со поддршка на Општина Битола. Претставата „За нас почнува живот“ на авторот Ѓерг Шпиро, пак, е во изведба на актерите Биљана Драгиќевиќ Пројковска и Нино Леви, а во режија на Дејан Пројковски. И оваа претстава е во соработка со битолскиот Културен и информативен центар и Општина Битола.

Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

Trending Articles