Quantcast
Channel: Култура – Kurir.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

Благоја Варошанец избран за претседател на МНК ИКОМ

$
0
0

На редовното Изборното Собрание на Здружението МНК ИКОМ, одржано на 26-ти овој месец во НУ Музеј на Република Северна Македонија, за претседател на МНК ИКОМ е избран Благоја Варошанец од НУ Музеј на современата уметност-Скопје, за секретар Ана Вишинова од НУ Музеј на македонската борба за самостојност-Скопје, и за членови на Извршниот одбор Страхил Петровски од НУ Национален конзерваторски центар Скопје, Наде Геневска Брачиќ од НУ Завод и Музеј Битола и Валентина Тодороска од НУ Археолошки музеј на Република Северна Македонија), а за претседател на Собрание на МНК ИКОМ е избрана Ирена Колиштркоска Настева, археолог-пензионер, со мандат од 2023-2025 година. Меѓународниот совет на музеите (ИКОМ) со седиште во Париз е меѓународна мрежа на музеи и музејски професионалци формирана во 1946 година, која денес брои над 40.000 професионални индивидуални членови во над 141 земја во светот, 119 национални комитети и 30 меѓународни комитети. ИКОМ го востановил Меѓународниот ден на музеите во 1977 година, со цел да ја подигне јавната свест за улогата на музеите во развојот на општеството, и оттогаш овој настан постојано добива на значење. ИКОМ – Меѓународен совет на музеите е организација формирана со цел да се создаде мрежа на музеи и на музејски професионалци од земјите од целиот свет, кои се грижат за културното и за природното наследство. Во таа мрежа се вклучила и Република Северна Македонија со формирањето на Македонскиот национален комитет на 12 мај 1993 година и тој е верификуван од Извршниот совет на ИКОМ во Париз.

Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

Trending Articles