Quantcast
Channel: Култура – Kurir.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

Трето издание на „Поетска епизода“ во рамки на „50 години МКЦ“

$
0
0

Третото издание на „Поетска епизода“ ќе се одржи вечерва, со почеток во 20 часот и 30 минути, како дел од програмата „50 години МКЦ“. -Ана Стојаноска, Калиа Димитрова, Дамјан Златановски, Љубица Шопова и Биљана Стојановска во последната епизода за годинава ќе читаат поезија посветена на почетоците, краевите и промените, како карактеристични поими кои ја одбележаа и 2022, информираат од Култура Бета. Модератори на настанот ќе бидат поетите Андреј Медиќ Лазаревски и Ивана Јовановска, со поддршка од МКЦ Скопје. -„Поетска епизода“ е нов концепт на поетски средби, во обид да се збогати културната содржина на градот и да се чита убава поезија. Секој настан има флуиден карактер и поинаква тема. Целта на настанот е поетите активно да пишуваат и да се охрабрат погласно и посмело да читаат, а кај публиката да се зголеми интересот за читање (и пишување) поезија, велат од Култура Бета.

Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

Trending Articles