Quantcast
Channel: Култура – Kurir.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

Промоција на книгата „Пандемија и постхуманизам“ од Иван Џепароски

$
0
0

Во Културно-информативниот центар во Скопје денеска ќе се одржи промоција на книгата „Пандемија и постхуманизам“ од Иван Џепароски, издадена од Книгоиздателство Ми-Анна. Како што соопштија од КИЦ, оваа книга претставува едно од првите вакви дела кај нас во кое се анализираат прашањата поврзани со промените што се случуваат во нашата современост, и на глобален и на локален план. Пристапот кон овие актуелни прашања е од гледна точка на релациите меѓу пандемијата на Ковид-19, од една страна, и на постхуманизмот и трансхуманизмот, од друга страна. Книгата ќе ја промовираат Наташа Аврамовска и Мишел Павловски и ќе биде музички збогатена со настап на Билјана Петровска – пијано. Иван (Ивица) Џепароски е филозоф, естетичар, критичар, антологичар и поет. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје, каде што и магистрирал и докторирал. Автор е на над триесет книги. Неговата книга „Македонскиот есеј“ е преведена на англиски, француски, германски, руски, шпански и на кинески јазик (2011–2016), додека книгата „Уметничкото дело“ (2018) – на албански јазик.

Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

Trending Articles