Quantcast
Channel: Култура – Kurir.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

Промоција на монографијата „Ова е мојот живот“ на Иван Трпоски

$
0
0

„Ова е мојот живот“, монографија на македонски писател и поет Иван Трпоски, кој живее во Сиднеј, Австралија, денеска ќе биде промовирана во библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид. На 520 страници на македонски и англиски јазик, монографијата, како што соопшти охридската Библиотека, содржи текстови, кои се значаен прилог кон осветлување на голем број аспекти од животната, историската, иселеничката и творечката вистина за поетот, писател, библиотекар, општественик и ентузијастот Трпоски. – Делото претставува интересна страница од мозаикот на македонскиот иселенички летопис на Трпоски од неговото родно Волино до Сиднеј, Австралија, но и во пошироките простори на петтиот континент, стои во информацијата. Издавач на „Ова е мојот живот“ е Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, а промотор ќе биде професорот Димитар Пандев.

Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

Trending Articles