Quantcast
Channel: Култура – Kurir.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

Завршува интердисциплинарниот мултимедијален проект „Деструкција вода“

$
0
0

Со видео и концертен перформанс денеска во Струга завршува интердисциплинарниот мултимедијален проект „Деструкција вода“ на авторот Исмет Рамиќевиќ. Во рамки на проектот ќе биде прикажана изложба на скулптури-музички инструменти во простор, а музичари ќе музицираат на скулптурите – музички инструменти застапени во повеќе светски култури и традиции. Перформансот и изложбата ќе бидат претставени на платото пред Центарот за култура „Браќа Миладиновци“, односно реката Црн Дрим. Проектот, кој е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија, во својата основа носи длабоко хуманистичка порака. – Содржи неколку елементи, кои авторот ги смета за суштински во насока на разјаснување на создавање на процесот на создавање. Симболичната сеприсутна деструкција може да се надмине и да премине во креација единствено преку космополитски и мултудисциплинарен пристап во уметноста, природата и општеството, односно човештвото, соопшти организаторот. Проектот е повеќеслоен, а создадените инструменти, како што наведува, се вообличени во скулптури, реализирани во нестандардни материјали, димензии и милитантни облици од кои произлегува автентичен звук на изворниот музички инструмент.

Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

Trending Articles