Quantcast
Channel: Култура – Kurir.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

„Домашна атмосфера“: Изложба на Дејвид Стоилковски во кумановскиот Центар за култура

$
0
0

„Домашна атмосфера“ е насловена изложбата на авторот Дејвид Стоилковски која ќе биде отворена вечер во кумановскиот Центар за култура „Трајко Прокопиев“ со почеток во 19 часот. На изложбата ќе бидат презентирани дваесеттина дела од најновата продукција на авторот. -Делата за оваа изложба се направени во период од 2020, 2021 и почеток на 2022 година. Името „Домашна атмосфера“ на изложбата е затоа што фигуративните предмети кои се наоѓаат на делата претставуваат носталгија и поврзаност кон сопствениот дом и фамилија. Ако се изостават фигуративните елементи од композициите тие се сведуваат на чисти апстрактни плочи од неколку нијанси. Оваа изложба може да биде увертира за истражување во сферата на хиперреализмот при сликање мурали и платна од страна на уметникот Дејвид Стоилковски, пишуваат од Центарот за култура. Дејвид Стоилковски, роден во Куманово 1997 година, живее и работи во Куманово. Тој дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Скопје, отсек графика во класата на професорката Славица Јанешлиева, а моментално е на магистерски студии по сликарство кај Јован Шумковски. Учесник е на повеќе групни изложби во државата и Хрватска, коорганизатор и учесник на графити фестивали во Куманово, а има сликано мурали како во градовите низ државата, така и во Америка, Австрија, Црна Гора. Оваа прва самостојна изложба е збир на периодите од графити преку правци од уметноста до сликање на мурали во поново време. Изложбата ќе биде поставена до 18 мај годинава.  (МИА)

Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

Trending Articles