
Филмот ја третира приказната за синот на готвачката од Маршаловата вила, кој по десет години добива шанса да ја вкуси храната што цел живот гледа како се готви, а не смее да ја допре. Во главните улоги настапуваат Давид Тодосевски, Дина Јовевска, Свездана Ангеловска, Игор Ангелов, Борис Дамовски.
По премиерата, филмот останува на репертоарот и ќе биде прикажуван во блок со уште еден македонски филм „Лазар“, во терминот од 20 часот.
„Лазар“ е еден од поновите македонски филмови, кој скопската премиера ја имаше на тукушто завршениот „Скопски филмски фестивал“. Филмот е во режија на Светозар Ристовски, а главните улоги ги толкуваат Ведран Живолиќ, Наташа Петровиќ, Дејан Лилиќ, Горан Невојец, Владо Јовановски.