
Според легендата преку оро што го играат само девојки и жени, се прикажува приказната за грабнувањето на убавата мома Мара од страна на турските војници и нејзиното ослободување од братот Ѓуро. Орото се игра на зајдисонце, поточно во време кога се случил вистинскиот настан.
– Оваа наша традиција која е стара повеќе од еден век се трудиме секоја наредна година да ја организираме подобро од претходната и тоа наше настојување придонесе нашето мало место да стане познато и во меѓународни рамки, информират организаторите од КУД „Танец“ од Миравци.
На манифестацијата ќе настапат играорци од КУД „Паја Зариќ“ од Нови Карловци во околината на Инџија и КУД „Браќа Минкови“ од Куклиш.
Покровители на традиционалната манифестација се Министерството за култура и градоначалникот на општина Гевгелија, Иван Франгов, а првпат оваа година целата манифестација ќе биде снимена и емитувана од Радио телевизија Србија.