Quantcast
Channel: Култура – Kurir.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

Денес и утре во МКЦ: Премиера на претставата „Вистинскиот запад“

$
0
0

Официјално, за прв пат во Македонија, најпоставуваниот драмски текст на наградуваниот американски автор Сем Шепард - „Вистинскиот запад“, ќе биде одигран на 26-ти (недела) и 27-ми (понеделник) септември од 20 часот, во Младинскиот културен центар. Сте се фатиле ли себеси во момент кога правите нешто што е наметнато од општествените трендови и се пресметувате каква слика оставате во очите на другите? „Вистинскиот запад“ ја дава сликата на двете крајности, кога сакаме да бидеме дел од општеството и истовремено сакаме да се изолираме од лошо организираниот свет. Потребата да си најдеме свое место под сонцето не згаснува, а притисокот од „што сум направил до сега?“ не исчезнува. Играат: Томислав Давидовски, Марјан Наумов, Мартин Манев, Тања Кочовска. Текст: Сем Шепард Режија: Борис Василески Сценографија и дизајн на светло: Мартин Манев Костимографија: Симона Даноска Извршен продуцент: Ава Хусеини Превод од англиски јазик: Марио Стојаноски Музика: Ивица Димитријевиќ и Јане Трајковски Дизајн на постер: Ана Јачева Билетите по цена од 350 денари се достапни на билетарницата во МКЦ и онлајн преку bileti.mkc.mk. Изведбите на претставата се организираат согласно актуелните протоколи за организација на настани.

Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

Trending Articles