Quantcast
Channel: Култура – Kurir.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

На Владимир Јанковски ќе му биде врачена наградата „Роман на годината“

$
0
0

Наградата „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, вечер ќе му биде врачена на годинашниот лауреат – Владимир Јанковски. Годинашната петчлена жири-комисија, во состав Оливера Николова (претседател), Зоран Анчевски, Калина Малеска, Живко Грозданоски и Катерина Богоева, со мнозинство гласови го избра романот „Скриени желби, немирни патувања“ на Владимир Јанковски („Антолог“, 2020) во конкуренција на 40 пристигнати романи. Генерален покровител на наградата е „Комерцијална банка“ АД Скопје, а наградата е поддржана и од Министерството за култура. Наградата се состои од оригинална статуетка, плакета и паричен износ од 150.000 денари. Врачувањето на наградата ќе се одржи на платото пред Младинскиот културен центар во Скопје, со почеток во 20:30 часот.

Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

Trending Articles