Quantcast
Channel: Култура – Kurir.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

Продуценти на ТВ-серијата „Марко Поло“ разгледуваат локации за снимање во Македонија

$
0
0
tv marko polo sredba1

– Гостите Ричард Шарки од Велика Британија и Џан Паоло Варани од Италија изразија подготвеност следната сезона на серијата „Марко Поло“, која е еден од најамбициозните проекти на Netflix,  да ја снимаат токму во Република Македонија. Досега се снимени две сезони од по 10 епизоди кои раскажуваат за авантурите на Марко Поло, еден од најпознатите истражувачи во историјата. Снимањето се одвиваше во повеќе земји: Малезија, Унгарија, Словачка и Казахстан, а седиштето на проектот е во Малезија во студиото „Pinewood Malesia Studios“, информира Министерството за култура за средбата на која присуствувале и директорката на Агенцијата за филм Мими Ѓоргоска-Илиевска и Роберт Јазаџиски од продукцијата „Кавал филм“.

Како што посочува Министерството, од американската продукција изјавиле дека проектот е се уште во фаза на подготовка и пишување сценарија за новите 10 епизоди од третата сезона на серијата „Марко Поло“, како и барање соодветни локации на кои ќе се одвива снимањето, поради што се уште не можат со сигурност да потврдат колку би траело снимањето во Македонија.

tv marko polo sredba

– За време на престојот, гостите од „Weinstein Company“ посетија повеќе локации и локалитети, меѓу кои Кокино, Куклице, Пенуш кај Штип, Мариово, манастирот Трескавец и други, со цел да се запознаат со локациските потенцијали и природните ресурси што ги поседува Република Македонија за снимање вакви големи филмски проекти, информира Министерството за култура.

Канческа-Милевска на средбата ги запознала гостите и со заложбите на Владата во областа на филмската дејност и за измените на Законот за филмска дејност со кои значително е олеснета соработката со странските продукциски куќи заинтересирани да снимаат во Македонија.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

Trending Articles