Quantcast
Channel: Култура – Kurir.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

НУБ „Св. Климент Охридски“ ќе го одбележи Светскиот ден на книгата

$
0
0
nub

Ќе се обратат директорот на Библиотеката Иван К. Заров и генералниот секретар на Националната комисија за УНЕСКО Лидија Топузовска.

Светскиот ден на книгата се одбележува на 23 април – датумот на кој во 1616 година починале двајцата великани на светската книжевност Сервантес и Шекспир.

По повод Светскиот ден на книгата, ќе биде прочитана пораката на генералниот директор на УНЕСКО Ирина Бокова и македонската порака која ја напиша драмскиот писател и режисер Љубиша Георгиевски. На настанот ќе се обратат и амбасадорите на Шпанија и на Велика Британија, Рамон Абароа Каранса и Чарлс Едмунд Гарет.

Ќе има и „Служба за Свети Климент Охридски” во изведба на Љупчо Тодоровски-Упа, читање извадоци од делата на Шекспир и Сервантес, со учество на студентите од Катедрата за англиски јазик и книжевност и Групата за шпански јазик и книжевност (Катедра за романска филологија) на Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје.

Во Центарот за конференции и студии во НУБ предавање на тема  „Политиката и владеењето во животот и делото на Мигуел Сервантес“ ќе одржи д-р Карлос Флорес Хубериас, професор по компаративно право на Универзитетот во Валенсија и почесен доктор на науки на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Ќе биде прикажан и анимираниот филм „Donkey Xote“, а во музичкиот дел од чествувањето ќе настапат студентите по гитара и соло-пеење од Факултетот за музичка уметност

Како и во минатите години, НУБ по повод Светскиот ден на книгата и авторското право ќе  подари книга и роза, според каталонскиот обичај.

 


Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

Trending Articles